Андорид 5.0 „Key Lime Pie“ пристигнува на пролет

Од:

Американската интернет компанија „Гугл“ планира оваа пролет да претстави нова верзија на својот оперативен систем Андроид, под името „Key Lime Pie“.

Андроди 5.0 „Key Lime Pie“ е нова верзија на Гугл оперативниот систем, што ќе претставува значителен чекор напред за софтверот на новите мобилни уреди. Најавениот период се совпаѓа со традиционалната Гугл конференција на производители што ќе се одржи од 15 до 17 мај годинава.

Гугл вообичаено новите оперативни системи ги претставува со мобилни уреди од семејството Нексус, така што, останува нејасно кој производител ќе биде партнер на Гугл за Андроид 5.0 „Key Lime Pie“.

Според аналитичарите Гугл за таа цел може да соработува со Моторола, која произведува смартфони, а Гугл ја купи во 2011 година за 12,5 милијарди долари. Гугл даде ветување дека Моторола нема да биде во подобра позиција во однос на останатите партнери.

Претходно Нексус беше произведен во соработка со Самсунг, Асус и Ел-Џи.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска