Анџелина Џоли денеска пристигнува во Сараево

Од:

Холивудската актерка Анџелина Џоли, ќе пристигне во Сараево денеска, пишуваат сараевските медиуми.

Ѕвездата со приватен авион ќе слета на сараевскиот аеродром од каде ќе се упати во хотелот „Европа“ на средба со челниците на Сараевскиот филмски фестивал, пишува во „Дневни Аваз“.

Се очекува таа вечерва да се појави на црвениот тепих пред Народниот театар. Во хотелот „Европа“ за неа е резервиран цел спрат, односно два големи апартмани.

Наводно, Џоли немала никакви особени барања, а се уште не е сигурно дали ќе допатува сама или со Бред Пит.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина