Најдобрата српска тенисерка Ана Ивановиќ и капитенот на фудбалската репрезентација на Германија Бастијан Швајнштајгер денес стапија во брак во Венеција, Италија.
Двајцата познати спортисти на овој начин ја крунисаа двегодишната љубов која го привлекуваше вниманието на светските медиуми.
По свадбата следува скратен „меден месец“ а потоа Ана ќе се посвети на подготовките за Олимписките игри во Рио де Жанеиро, додека Бастијан на своите обврски кон Манчестер Јунајтед.