Пораз на Ивановиќ, победа на Халеп на стартот од УС Опен

Од:

На вториот ден на УС Опен изненадување направи тенисерката од Чешка Дениса Алертова која со 2:0 во сетови ја елиминира Ана Ивановиќ од Србија. Првиот сет Алертова го доби во тај брекот со 7:6 (7:4), додека во вториот беше убедлива и триумфираше со 6:1 во гемови.

За разлика од Ивановиќ, која важеше за фаворитка носителката број 5 и ланска полуфиналистка Симона Халеп од Романија на противничката Кирстен Флипкенс од Белгија и препушти само два гема – 2:0 (6:0 и 6:2).

Пласман во второто коло досега избори и Јарослава Шведова од Казахстан. Ова се првите три завршени мечеви од денешната програма на УС Опен.

Би можело да ве интересира

Ивановиќ на социјалните мрежи го објави своето враќање

Горан Наумовски

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер ќе станат родители

Ана Ололовска

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер склучија брак