Ана, Хана и Луна – лавчињата во скопската зоолошка добија имиња

Од:

Ана, Хана и Луна се имињата што се избрани за трите женски лавичиња што пред извесно време се родија во Зоолошката градина во Скопје. Од таму организираа анкета преку која требаше да бидат избрани имињата. Скопската зоолошка денеска ги објави резултатите.

– Изминатите денови добивме над 3000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје. Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана се вели во објавата на социјалните мрежи од Зоолошката градина Скопје.

Би можело да ве интересира

Од денеска повторно може да се оди во скопската Зоолошка градина

Зоолошката градина повторно ќе работи од сабота

Советот на Град Скопје не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во ЗОО Скопје

Директорот на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување и масакрираше здрави, украсни птици

А1он

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип