Американскиот потпретседател Џо Бајден дел од овогодинешните Оскари

Од:

Американскиот потпретседател Џо Бајден в недела ќе се појави на доделувањето на Оскарите во улога на водител, најавувајќи го настапот на Леди Гага, соопштија од неговата канцеларија.

На публиката ќе ја претстави Лејди Гага, која ќе настапи со песната „Til it Happens to You“, песна номинирана за Оскар од филмот „The Hunting Ground“.

Песната зборува за сексуалното злоставување во американските камуси, а Џо Бајден е голем борец против насилството над жените и автор на истоимениот Закон усвоен 1994 година.

Американскиот потпретседател ќе ја искористи можноста да ги повика гледачите да се ангажираат и да предупредат на сексуално насилство над жените и на тој начин да придонесат за промена на свеста во пристапот кон проблемот, стои во соопштението на Белата куќа. 

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Катерина Ѓуровски

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка