Американски хиперсоничен авион фатен на камерите на Гугл

Од:

Компанијата Гугл на својот сервис со сателитски снимки Гугл Ерт објави фотографија од приватниот аеродром на аеровселенската компанија Прат анд Витни во Флорида на кој може да се види мистериозен објект со прилично необична форма, кој наликува на шпионско летало, објави порталот „Њуинформ“.

Тајлер Глокнер, американски новинар познат по објавувањето снимки за НЛО летала, прв го забележал чудното летало на аеродромот во Флорида додека разгледувал снимки на Гугл Ерт. Глокнер вели дека леталото, кое има ромбоидна форма, може да биде најновиот американски супер-брз шпионски авион, моделот СР-72. Доколку неговото тврдење е точно, можно е Гугл, со објавувањето на снимката, да извршил сериозен удар врз тајноста на важната воена програма за развој на новата генерација американски шпионски летала.

Компанија Локид Мартин моментно работи на авионот СР-72, за којшто се очекува да ја наследи „црната птица“ – леталото СР-71 „Блекбрд“к кое од 1966 до 1999 година беше користено за правење разузнавачки фотографии во Советскиот Сојуз, Северна Кореја, Виетнам и други земји. СР-71 развиваше брзина до 3.200 километри на час со што можеше непречено да влезе во воздушниот простор на друга држава, да ги фотографира бараните цели и безбедно да се повлече. Можно е планираниот СР – 72, освен шпионската улога, да се користи и за бомбардирање на цели било каде на светот.

– Хиперсоничните летечки објекти ќе можат да се протнат во забранети воздушни области и да нападнат речиси на секое место на светот. Брзината е следниот чекор во авијацискиот прогрес за борба против новите закани во изминатите децении, вели Бред Лиланд, портпарол на Локид Мартин.

Военото воздухопловство на САД претходно имаа најавено дека работат на хиперсоничен шпионски авион што ќе може да развива брзина од барем 7.500 километри на час.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска