Брајан Мос од Меридијан, Ајдахо, САД, освои 250.000 американски долари во четвртокот, како што објави лотаријата во таа сојузна држава. Но, ова за него е шестата ваква добивка, и е најголема досега.
Мос, кој е сопственик на продавницата „Њуко спорт и исхрана“, нагласи дека редовно игра лото затоа што знае дека тоа е во полза на училиштата во Ајдахо. Имено, дел од уплатата на Лотаријата во Ајдахо, од нејзиното основање оди во Постојаниот фонд за градежништво. Во историјата на оваа лотарија, досега издвоени се 961,5 милиони долари за колеџите и универзитетите во сојузната држава, објави Си-Ен-Ен.
– Горд сум што помагам и ги поддржувам јавните училишта во Ајдахо, па искрено, затоа и играм лото, изјави Мос при подигнувањето на чекот.
Тој исто така рече дека дел од парите ќе бидат искористени за школување на неговата ќерка.