Американец оди в затвор, оти затнувал женски тоалети

Од:

Американец е осуден на 150 дена казна затвор и три години условно, поради неговата бизарна потреба – да затнува женски тоалет-школки.

Патрик Д. Бимен (26) од американската сојузна држава Висконсин тоа го правел на местата каде што работел, меѓу кои и рекреативен центар во месноста Шебојган. Тој во тоалет-школките ставал пластични шишиња, и тоа само во женски тоалети.

На судењето тој навел дека се кае, но и дека не може да објасни зошто го правел тоа, а имал силен нагон за тоа.

Извештаите велат дека секое затнување причинило штета од околу 200 долари, оти некои школки требало и да бидат извадени.

Затоа, по одлуката на судот, Бимен мора да плати околу 5.500 долари, како и условна казна и 100 часа општествено-корисн работа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена со години јаде камења, досега изела над 1.360 килограми

Ана Ололовска

Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Жарко Настоски

Индиска двојка за три години се селела 18 пати поради фобија од лебарки

Ана Ололовска

На денот на свадбата свекрвата дознала дека снаата и е родена ќерка

Ана Ололовска

Приказна што го шокираше светот: Го воспитувала 13 години, а потоа го завела, сега имаат бебе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Само во Јапонија – фирма „купува“ човечки лица за 300 евра и прави морничаво реалистични маски

Жарко Настоски