Амел Чуриќ повреден во сообраќајна незгода

Од:

Овогодишниот победник на „Икс Фактор Адрија“, Амел Чуриќ се здобил со полесни повреди при сообраќајна несреќа, што се случила викендов во близина на боснаскиот град Олово, објави сараевскиот весник „Дневни Аваз“.

Инцидентот се случил кога Бе-Ем-Ве-то со кое управувал Чуриќ, дирекно се судрило до возило марка „Пасат“, кое било дел од придружбата на потпретседателот на Република Српска, Рамиз Салкиќ.

Чуриќ во изјава за „Днвени Аваз“ ја потврдил несреќата, но одбил да даде повеќе детали.

Полицијата од Зеница соопшти дека покрај Чуриќ во неговиот автомобил се наоѓале и неговата девојка и нејзината сестрата, која се здобила со потешки повреди и е пренесена во болница во Сараево.

Полицијата одбила да даде официјлана изјава за причините за несреќата, но според „Дневни Аваз“ до неа дошло кога „Пасатот“’ од придружбата на Салкиќ се обидел да претекне колона возила, при што дирекно удрил во автомобилот на Чуриќ.

Салкиќ, кој бил во друго возило, по несреќата излегол да види што се случило, по што се вратил во својот автомобил и си заминал.

Би можело да ве интересира

Македонец ја крена на нозе публиката на бугарскиот „X Factor“

Наум Локоски

Боби Мојсовски со одлична изведба во финалето на Икс Фактор

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вечерва финале на Икс Фактор

Ана Ололовска

Втора сезона на „Х фактор“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Сите му се потсмеваа, кога запеа ги остави без текст

Емир Латифовиќ

Кајмакоски потпиша договор за издавање на првиот албум со продуцентската куќа „Менарт“

Емир Латифовиќ