„Амазон“ и пркоси на кризата, отвора 5.000 нови работни места

Од:

Американскиот Интернет гигант „Амазон“ објави дека планира да вработи 5.000 нови работници.

„Амазон“ изминатите три години тројно го зголеми бројот на вработени и сега вработува повеќе луѓе од „Гугл“, а само 2.000 помалку од „Мајкрософт“. Моментално „Амазон“ вработува 97.000 луѓе.

– Да, вработуваме над 5.000 нови работници кои ќе ни помогнат во иновациите и грижата за нашите корисници, изјави Дејв Кларк, потпретседател одделот за глобално оперативно работење и корисничка поддршка.

Според Кларк во секторите за управување со операциите, корисничка поддршка и испорака, бизнис анализа, пакување и нарачки работат 20.000 работници во 17 центри низ цела Америка, како и дека компанијата во овие сегменти планира да вработи 2.000 нови лица.

„Амазон“ во вториот квартал од 2013 година оствари нето загуба од седум милиони долари, но наспроти тоа продажбата бележи раст од 22 отсто во однос на претходната година и изнесува 15,7 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска