„Амазон“ го претекна „Гугл“ во Кина

Од:

„Амазон“ стана првата западна информатичка компанија која на кинескиот пазар активира сервис за преземање платени апликации, претекнувајќи го на тој начин „Гугл“ на исклучително големиот комерцијален пазар.

„Гугл“ во Кина веќе има активна електронска продавница преку која корисниците можат да се снабдат со некоја од апликациите за неговиот оперативен систем, но таа услуга не се наплатува, па така „Амазон“ е прв во Кина воспостави комерцијален начин за преземање апликации.

Овој чекор на „Амазон“ се смета како подготовка за влез на кинескиот пазар на неговиот електронски читач на книги – „Киндл“, на кој локалните кинески сервиси веќе имаат разновидни сервиси за платено преземање на апликации.

Кина е најголем пазар на светот за мобилни телефони, но многу кинески сервиси за платени апликации во себе содржат и некои од злонамерните софтвери или вируси, а не е мал ниту бројот на апликации кои се пиратски.

За разлика од нив, „Амазон“ ветува „квалитет и безбедност“, како и дека во соработка со локалните програмери ќе работи на прилагодување на програмата на потребите на локалните корисници.

„Амазон“ во декември минатата година ја создаде својата „Киндл“ веб продавница, но во брзо време се очекува да почне да ги продава своите електронски читачи.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска