Водечки развивачи на игри ги здружија силите во борбата против неприфатливото однесување на некои играчи во онлајн игрите преку формирањето „Фер Плеј“ алијансата на саемот „Гејм Девелопер“.
Над 30 големи ИТ компании, меѓу кои „Blizzard Entertainment“, „Xbox“, „CCP Games“, „Epic Games“, „Riot Games“, „Twitch“, „Unity Technologies“ и „Intel“, ја поддржуваат иницијативата за фер игри.
Развивачите на игри постојано се соочуваат со неетичко, хулиганско однесување од страна на гејмерите. Како одговор на тоа, некои компании воведоа построги санкции против овие хулигани и стимулации за корисници, кои пријавиле нарушувања.
Други програмери се свртеле кон софтверски решенија кои изолираат лоши играчи од индивидуални игри, сервери и заедници. Ново создадената алијанса ќе ги обедини искуствата и идеите во оваа област.
– Ние нудиме отворен форум за соработка на гејминг индустријата во областа на истражувањето и најдобрите практики, кои промовираат фер игра и здрави заедници во онлајн игрите, пишува на официјалниот сајт на алијансата.
„Фер Плеј“ алијансата си претставуваат свет во кој игрите се ослободени од малтретирање, дискриминација и злоупотреба, а гејмерите може да се изразат себе си преку игрите.