Струмичанката Александра Јанева со композицијата „Врати ми го сонцето“ триумфира на 28-то издание на „Макфест“. Автор на музиката и текстот е Ристо Самарџиев, а аранжманот е дело на Владимир Дојчиновски.
Исто така, Александра Јанева успеа да ја собере наградата и за најдобра интерпратација. Таа и е позната на македонската јавност преку учеството на музичкото шоу „Сите наши песни“.
Втората награда ја однесе Марија Бунда со композицијата „Не ме познаваш“, додека третата награда му припадна на Мартинијан Кириловски.
Најдобар дебитант на годинешното 28-то издание на „Макфест“ е Панче Илиев.
Поради технички проблеми, МТВ не вршеше директен пренос на фестивалот. Според неофицијални информации, финалето на „Макфест“ ќе се емитува денес во попладневните часови на МТВ1.
Петар Клинчарски