Новото остварување на Дизни, „Аладин“ со Вил Смит во една од главните улоги, ја надмина заработката од милијарда долари и тоа за многу кратко време од првата премиера.
И покрај слабите рецензии, овој филм успева да заработи на благајните.
Римејкот на анимираниот филм од 1992 година стана голем хит во кината, а ова е воедно и прв пат Вил Смит и режисерот Гај Ричи да влезат во „клубот од милијарда долари“.
Филмот во Северна Америка заработи 343 милиони долари и 650 милиони преку океанот.
Ова е трет филм на Дизнни кој успеа да дојде до прагот од милијарда долари оваа година.