Акварели на Хитлер изложени во галерија во Техеран

Од:

Два акварела кои ги наслика Адолф Хитлер изложени се во галерија во главниот град на Иран, Техеран.

– Изложуваме акварели и од други сликари, но поголемиот број посетители доаѓаат поради сликите на Хитлер, изјави директорката на галеријата „Дафинех“ Голназ Голсбахи.

Таа додаде дека многу луѓе во Иран не се свесни дека „крволочниот диктатор како Хитлер“ сликал.

Има малку информаиции за сликите, а Голсбахи претпоставува дека богат ирански колекционер ги купил двата акварели пред Исламската револуција во 1979 година. Потоа сликите се запленети и се во сопственост на државата.

Акварелите најверојатно се насликани 20-тите години од 20-от век во Виена, кога Хитлер се обидувал да живее од сликарство.

Би можело да ве интересира

Во Франција уапсен млад следбеник на Хитлер, кој планирал масовно убиство во неговото средно училиште и џамија

Германски полицајци суспендирани откако се зачлениле во онлајн клуб на обожаватели на Хитлер

Жарко Настоски

Реконструкција и пренамена на куќата на Хитлер

Ана Ололовска

Либанец откупи нацистички предмети за 600.000 евра

Ана Ололовска

Родната куќа на Хитлер станува полициска станица

Ана Ололовска

ФБИ ги истражувало наводите за бегство на Хитлер во Аргентина

Ана Ололовска