Ориганото пред се е познато како зачин, но во последно време често се зборува за лековитите својства на маслото од оригано.
Маслото од оригано содржи феноли, терпени и терпеноиди, моќни антиоксиданти, кои меѓу останатото се заслужни и за карактеристичниот мирис на овој зачин.
Исто така, содржи и рузмаринска киселина што делува антиоксидантно (појак антиоксидант и од витаминот Е) и антифламаторно (ги ублажува запаленијата во организмот).