Номинираните за Оскар, кои нема да добијат статуа, ќе добијат 45 илјади долари. Губитниците на Оскар веќе 11 години добиваат поклони од маркетинг компанијата „Дистинктив Асетс“. Торбата со награди содржи платени патувања на Хаваи, во Австралија или Мексико, вежбање со личен тренер, дизајнирани патики, акупктура и ароматерапија, шише текила и кондоми.
Претходно Американската академија за филмски науки и уметности имала традиција да дели поклон пакети со луксузни рачни часоцниви, парфеми и накит, но во 2007-ма година прекинала бидејќи американските даночници барале да ги пријават и исплатат даноците.
Јасна Атанасова