Акција за бесплатно и анонимно тестирања за Хепатит Ц во Рамстор мол во Скопје

Од:

Акција за бесплатно и анонимно тестирања за Хепатит Ц ќе се одржи денеска од 9:30 до 12 часот во ТЦ Рамстор мол во Скопје, по повод Светскиот ден за борба против хепатит, а во организација на Хепар Центар Битола.

На акцијата ќе присуствува и заменик-министерот за здравство, Гоце Чакаровски.

Целта на настанот е подигнување на свесноста за борба против Хепатитот Б и Ц, како јавноздравствен проблем на светско и на европско ниво. Статистиките на глобално ниво покажуваат дека 80 отсто од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат, може да добијат карцином на црниот дроб или малигното заболувње, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот.

Хепар Центар Битола е дел од глобалното движење NOhep, под покровителство на Светската здравствена организација и светската алијанса за борба против хепатитот. Годинешната кампања на Хепар Центар Битола е поддржана од многу јавни личности, како што се групата Нокаут, Кире Лазаров, Влатко Илиевски, Биба Додева, Виолета Томовска, Катерина Ивановска, Митко С. Апостоловски и Гаро Тавитјан.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска