АјФон со „мачји рефлекси“

Од:

 Американската компанија „Епл“ моментно работи на систем кој при пад на телефонот, апаратот секогаш би го свртел на страна со цел да падне на земја безбедно без ризик да му се искрши екранот.

„Епл“ своите планови и нацрти и ги достави до Американската агенција за патенти.

– Доколку успее овој проект на „Епл“, неговите телефони во иднина како и мачките од височина секогаш ќе застануваат на нозе, духовито прокоментираа оние кои веќе ги виделе нацртите.

Апликацијата, чие работно име е „Механизам за електронски направи“, има за цел да ја намали или спречи штетата пред се на ајФоните, но и на таблетите и лаптопите.

На системот, кој е во почетна фаза на развој, ќе му биде потребен сензор кој ќе го открива и анализара падот на апаратот и врз основа на тоа да го врти на безбедната страна, со цел да се спречат оштетувања.

Позицијата и брзината на падот би можеле да се мерат со мали едноставни жироскопи, акцелерометри или позициски сензори, иако во првиот нацрт на патентот се споменува и многу посложена технологија, како што се ГПС уреди и фото сензори.

Податоците ќе се анализираат во мал процесор, кој врз основа на сите околности ќе донесуваат одлука како апаратот да удри во земја со најмала веројатност за негово оштетување.

Најголем проблем, како што се смета, ќе биде реориентирање на телефонот во воздух и промена на неговата патека на движење со цел да се приземји побезбедно.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска