„Леџенд“, финската компанија што се занимава со креирање на луксузни уреди, ни го претставува специјалното издание за годината на Петелот.
Бројните интригантни детали се видливи на овој „Ајфон 7“ модел.
Примамливиот петел креиран од 24-каратно злато, окружен со традиционални кинески симболи, во устата држи осум среќни амајлии од кинеската култура што се поврзани заедно.
Три од четири страници на овој телефон, што е обложен со платина, декорирани се со рачно изработени орнаменти.
За овој дизајн „Леџенд“ компанијата го користи „Ајфон 7“ моделот со 256 ГБ меморија.
Секој уред се доставува со кожна футрола, позлатени слушалки, сертификат и гаранција.
Цената на овој модел изнесува 3.390 евра.