Германскиот производител на спортска опрема Адидас стигна до бројката од еден милион продадени патики изработени од рециклирана пластика, којашто во 2017 година беше извадена од океаните.
Адидас, во соработка со еколошката организација „Parley for the Oceans“, во 2016 година претстави три нови верзии Ултра-Буст патики кои се направени од пластичен отпад. Основната цел е намалување на ѓубрето во океаните.
– Изминатава година продадовме милион патики направени од пластика којашто е извадена од океаните, изјави извршниот директор на Адидас, Каспер Рорстед за телевизијата Си-ен-би-си.
За секој чифт патики во просек се употребени 11 пластични шишиња.