Планетарно познатата Адел, која неодамна објави дека се разделува од сопругот Сајмон, според написите на Дејли Мејл, веќе е разведена жена.
Веќе се зборува дека Адел е видена во Њујорк како се бакнува со друг маж, кој наликува на поранешниот сопруг, но е далеку позгоден.
Сега сум веќе искусно раведена жена, во потрага по нова нормала, наводно Адел тоа го кажала пред пријателите иако официјално не се огласила.
Извор близок на пејачката вели дека Адел е силна жена која сака да продолжи со животот, а посебно и се допаѓаат американските мажи, па оди на многу состаноци. Изворот исто така додава дека Адел не е во потрага по сериозна врска бидејќи е концентирана на одгледување на нејзиниот шестгодишен син.
Адел не потпишала предбрачен договор, а со оглед на тоа дека “тежи” 180 милиони долари, ја чека сериозна борба за недвижностите и богатството кои ги поседува.
Меѓутоа, тоа не е единствена драма во животот на Адел. Наводно, таа се помалку нстапува бидејќи го губи гласот.