Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен за утре

Од:

Концертот на Аца Лукас во Битолa, кој требаше да се одржи вечерва, е одложен за утре поради сообраќајна несреќа во која учествуваше пејачот.

Лукас лично се обрати до својата публика преку порака и откри дека доживеал сообраќајна несреќа, поради што не може да пристигне навреме во Битолa.

– Драги мои, должам големо извинување до публиката во Битолa. Морам јавно да се извинам и да им објаснам. Имав сообраќајна несреќа – рече Лукас.

Тој потврди дека концертот, наместо вечерва, ќе се одржи утре, а за сите оние кои веќе купиле билети, тие ќе останат валидни.

– Овој концерт, кој требаше да се одржи вечерва во Битолa, ќе се одржи утре вечер. Сите оние кои купиле билети, секако, ќе бидат валидни исто како и денес – рече пејачот.

Лукас нагласи дека штом се реши ситуацијата по несреќата, ќе го продолжи своето патување кон Битолa. Како што рече, неговиот бенд е веќе во градот, додека сцената и целата организација се подготвени.

– Ќе го продолжам патувањето кон Битолa штом ќе го решам тоа што ми се случи. Бендот е веќе таму, сè е подготвено – додаде Лукас.

Пејачот им упати големо извинување на своите обожаватели и истакна дека таквото доцнење не е нешто што е типично за него, но дека околностите го принудиле овој пат да ги промени своите планови.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево