Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Од:

Сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село од полноќ е во прекин во двата правца поради случена сообраќајна незгода, соопшти Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај.

АМСМ информира дека собраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што е можна појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница