А.И. паметниот часовник ќе работи и како телефон

Од:

Имајќи предвид дека во последно време на пазарот се појавија голем број на паметни часовници, во оваа трка се вклучи и компанијата „Свиско Лтд.“

Оваа компанија започна масовна кампања со надеж дека ќе успее да обезбеди средства за А.И. часовникот, кој нема да служи само како мал апарат и украс кој ќе се носи на рака. Тој ќе има можност во него да се стави СИМ картичка, а ќе ги има и сите потребни антени за да може да функционира како смартфон.

А.И. часовникот ќе работи на оперативен систем Андроид 4.0.4, ќе има четири гигабајти хард-диск, 512 мегабајти РАМ и екран од 1.54 инчи со резолуција 240 х 240 пиксели.

Со сите овие карактеристики часовникот ќе биде доволно моќен да може да има пристап до Гугл Плеј Стор и апликации кои можат да се користат на неговиот мал екран.

Компанијата се надева дека ќе успее да обезбеди 100.000 долари, кои се потребни за почеток на производство на А.И. часовникот.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска