93-годишна жена бара уште пиво за време на изолацијата

Од:

Деведесет и три годишна жена застанала на прозорот од својот дом во Пенсилванија, барајќи некој да ѝ купи уште пиво за време на изолацијата, пишуваат американските медиуми.

Олив Веронеси држи лименка со пиво во раката, и бела табла на која пишува „Ми треба уште пиво“, упатувајќи ја пораката до нејзините соседи и до нејзината ќерка.

Фотографијата беше објавена на Фејсбук и за кратко време беше споделена над 46 илјади пати.

На фотографијата има речиси 3 илјади коментари, а во голем дел луѓе од целиот свет се нудат да ѝ купат пиво на старата жена, на што таа одговара: „Убаво е доколку можете да направите такво нешто за една млада дама“.

 

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД