„50 години Скопски“ – Бела ноќ

Од:

В сабота, на 5-ти октомври, со почеток во 20:00 часот, на платото пред Универзалната сала, ќе се одржи еден од централните настани на овогодинешната Бела ноќ – „50 години Скопски“.

Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристевска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов – Гиш, Ѓоко Танески, Сара Мејс и Ај-Кју, во придружба на Биг бендот со настапи во живо ќе не потсетат на прекрасните изведби на најголемите хитови од фестивалот низ годините.

„50 години Скопски“ ќе оддаде чест на музичките великани, композитори и изведувачи, за прв пат собирајќи ги на едно место и здружувајќи ги сите генерации на музички ѕвезди, од самите почетоци па се до последното издание на фестивалот, во 2015-тата.

Би можело да ве интересира

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на „Бела ноќ 2023“

Орце Костов

Одложените содржини од „Бела ноќ“ вечерва на плоштадот Филип Втори

Преку 30 настани на 14 локации за осумнаесеттата „Бела ноќ“

Отворен повик за уметници за манифестацијата „Бела ноќ 2022“

Традиционалната „Бела ноќ“ утре на 13 локации низ Скопје

Ана Ололовска

„Бела ноќ“ 2020 – изложби, концерти, перформанси и многу други културни настани во Скопје

Ана Ололовска