„Бела ноќ“ 2020 – изложби, концерти, перформанси и многу други културни настани во Скопје

Од:

По 16-ти пат, во саботата, на 26. септември, една недела порано од вообичаеното, Скопје и скопјани беа дел од овогодинешниот градски културен настан – Бела ноќ.

На 10-те локации, паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, МКЦ, Зеленото пазарче, Ибни Пајко плоштадот, Музејот на современа уметност, Домот на култура Кочо Рацин, Архитектонскиот факултет, Градската библиотека Браќа Миладиновци и Даут Пашиниот Амам, присутните ги погледнаа перформансите, концертите, изложбите и останатите културно-уметнички активности.

Во пријатна атмосфера помина и централниот настан на Бела ноќ, Скопските евергрини, кој се одржа на паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, каде најпознатите скопските хитови беа изведени од најголемите македонски музички ѕвезди, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други, во придружба на Баги Биг Бендот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.

Голем интерес меѓу посетителите имаше и за останатите културни случувања во градот, со што успешно заврши и оваа 16-та по ред Бела ноќ, во организација на ЈУ Универзална сала, со поддршка на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на „Бела ноќ 2023“

Орце Костов

Одложените содржини од „Бела ноќ“ вечерва на плоштадот Филип Втори

Преку 30 настани на 14 локации за осумнаесеттата „Бела ноќ“

Отворен повик за уметници за манифестацијата „Бела ноќ 2022“

Традиционалната „Бела ноќ“ утре на 13 локации низ Скопје

Ана Ололовска

„Бела ноќ“ вечерва на десет локации во Скопје

Жарко Настоски