43-годишна Хрватка се венча со 16-годишно момче, кое денеска тргна на училиште

Од:

Пред матичарот во Пертхолздорф во близина на Виена кон крајот на минатата недела „судбинското да“ го изговорија 16-годишен ученик и неговата поранешна наставничка, екс тренер по ракомет од Хрватска, Рената Јурас.

Младоженецот Ервин Унтерлехнер и неговата избраничка до склучувањето на бракот поминаа низ многу ризици и загуби, бидејќи нивната врска предизвика многу контраверзи уште од денот кога започна.

Следуваше пријава поради заведување малолетник, по што Рената го изгуби работното место и беше осудена на 22 месеци условна затворска казна.

Но и покрај се, Ервин и Рената одлучија да живеат заедно, а кон крајот на јуни ја добија ќерката Ноеми. Најпосле, минатиот паток се појавија и пред матичар за да ја озаконат врската.

На бурмите, парот ја изгравира пораката „до небото и назад“, што како кажува Ервин ја опишува нивната љубов.

Единствен проблем е што наместо на меден месец, младоженецот денеска тргна на училиште бидејќи почна школската година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Далмација

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Пленковиќ: Владата ги заштити граѓаните од високите цени

ВИДЕО: Во Хрватска бојкот на продавниците поради превисоките цени

Катерина Ѓуровски

Хрватското МНР им препорачува на Хрватите да не патуваат во Србија

А1он