Кит Харингтон (Џон Сноу) на сите фанови им порача дека четвртата сезона од Game of Thrones ќе биде најдобра. Со уште повеќе акција.
Тој изјавил дека во епизодите што треба да се емитуваат од април следната година ќе имало многу сцени со борби, многу крв и доста гадни работи.
„Сценариото за четвртата сезона е совршено. Тоа е мојата омилена сезона до сега. Многу нешта ќе правам во неа. Ќе има многу сцени со борби и генерално најмногу акција до сега“, изјавил актерот.
Четвртата сезона ќе има 10 епизоди, ќе се емитува на HBO и е базирана на „A Storm of Swords“.