Тејлор Свифт доби свој стрип

Од:

Обожавателите на кои никогаш не им е доста од Тејлор Свифт ќе можат да дознаат повеќе за нејзиниот живот во биографски стрип за американската пејачка.

Свифт се појавува како дел од серијата Female Force на TidalWave Comics за „успешни и влијателни личности“ во литературата, забавата, политиката и други категории.

Стрипот на 22 страници го прикажува подемот на Тејлор до слава и истакнува некои од нејзините достигнувања во кариерата.

– Секако дека Тејлор Свифт заслужува свој стрип – изјави авторот Ерик М. Ескивел.

– Таа носи шарени хулахопки и се бори со корпоративни негативци кои се обидуваат да ги искористат своите пари за да ја контролираат. Единствената друга личност што одговара на тој опис е Кларк Кент… па дури и тој не можеше да ја напише „1989““, додаде тој, мислејќи на нејзиниот албум.

Стрипот ќе биде објавен на 13 декември.

Би можело да ве интересира

Телохранителот на Тејлор Свифт им се придружи на израелските сили: Добро платената работа ја замени за оружје

Тејлор Свифт ги награди вработените со повеќе од 50 милиони долари, подели огромни бонуси

Предраг Петровиќ

Фановите на Тејлор Свифт на концертот предизвикаа „земјотрес“ со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала

ВИДЕО: Жена се појави на концерт со ќебе на глава, кажа зошто се маскирала

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Познатата пејачка за време на концертот падна зад сцената, со рана пееше со часови

Предраг Петровиќ

Тејлор Свифт во новиот документарен филм „Мис Американа“

Драган Поповски