Тејлор Свифт на „екс“ го испи пивото и налути некои обожаватели: Каков пример е ова за девојките?

Од:

Американската пејачка Тејлор Свифт беше главна ѕвезда на овогодинешниот Супер Боул, а камерите го следеа секој нејзин потег.

На интернет сега се шири видео од поп-ѕвездата како испива на „екс“ пиво на стадионот Алегиант во Лас Вегас.

„Тејлор Свифт штотуку се напи пијачка на екс“, гласи описот на видеото на X, кое за само неколку часа собра повеќе од пет милиони прегледи.

„Убаво е да се види дека е како нормалните луѓе“, „Таа не претставува сите нас“, „Многу се забавуваше“, се дел од коментарите.

На другите им пречеше тоа што „промовира“ алкохол. „Ова не е добар пример за девојчињата“, „Промовирањето на алкохол „супер“ ќе влијае на децата“, пишуваат тие.

Инаку, Свифт пристигна во друштво на нејзините пријатели Блејк Лајвли и Ајс Спајс, а од трибините навиваше за своето момче.

Би можело да ве интересира

Соборен рекордот на Spotify: 300 милиони слушања за само еден ден на новиот албум

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Историја за Тејлор Свифт, четврто Греми за албум на годината

Катерина Ѓуровски

Тејлор Свифт може да биде тајната карта на Бајден на изборите во САД

Тејлор Свифт е личност на годината на магазинот „Тајм“

Горан Наумовски

Тејлор Свифт доби свој стрип

Горан Наумовски

Телохранителот на Тејлор Свифт им се придружи на израелските сили: Добро платената работа ја замени за оружје