Обожавателите на кои никогаш не им е доста од Тејлор Свифт ќе можат да дознаат повеќе за нејзиниот живот во биографски стрип за американската пејачка.
Свифт се појавува како дел од серијата Female Force на TidalWave Comics за „успешни и влијателни личности“ во литературата, забавата, политиката и други категории.
Стрипот на 22 страници го прикажува подемот на Тејлор до слава и истакнува некои од нејзините достигнувања во кариерата.
– Секако дека Тејлор Свифт заслужува свој стрип – изјави авторот Ерик М. Ескивел.
– Таа носи шарени хулахопки и се бори со корпоративни негативци кои се обидуваат да ги искористат своите пари за да ја контролираат. Единствената друга личност што одговара на тој опис е Кларк Кент… па дури и тој не можеше да ја напише „1989““, додаде тој, мислејќи на нејзиниот албум.
Стрипот ќе биде објавен на 13 декември.