20 историски грешки во серијата Сулејман Величенствениот

Од:

Професорот Јусуф Халакоглу, турски историчар, ги наведе 20-те најголеми грешки во хит серијата Сулејман Величенствениот.

1. Во серијата султанот е во панталони. Кај Османлиите панталоните се забележани дури во времето на султанот Махмуда II, во 1800-тите години.

2. Облеката на жените во кралството е во стилот на француската мода од 19. век. Нема никаква врска со стилот на облекување од 16-тиот век.

3. Кај Османлиите принцовите немале брада. Така било и со султанот Кануниј кога дошол на престолот. Во серијата тој има брада кога влегува во Истанбул.

4. Во серијата, командантот на морнарицата Џафер-паша е убиен со меч, додека кај Османлиите, оние на високи позиции биле бесени.

5. Смртните пресуди се извршувале со балта-вид на секира, а личноста која беше задолжена за тоа се викала балтаџија.

6. Во серијата каменот на кој е убиен споменатиот паша е наречен ибрет-камен и не ја немал таа функција туку функцијата на изнесување на виделина, објавување и прогласување.

7. Султанот не ги гледал ликвидациите како што е прикажано во серијата туку на крајот му се покажувани само крвавите кошули.

8. Султанот Сулејман „величенствен“ го нарекле западните народи, а не Османлиите.

9. На церемонијата, кога се крунисува султанот, пукаат истовремено 121 топови во негова чест. Во серијата има огномет. Во тоа време, Османлиите немале таков обичај.

10. Во серијата Насух Матракчиј се појавува како изгубен и луд човек. Меѓутоа тој бил еден од најучените луѓе во тоа време. Бил со Кануниј во Маниса, а во серијата се запознава со султанот во Истанбул.

11. Кога Сулејман започнал да владее имал 26 години, во серијата актерот има 41.

12. Хурем се родила 1506 година и имала 14 години кога дошла во кралскиот двор. Актерката во серијата има 27 години.

13. Кога Сулејман дошол на престолот, крунисувањето било во стариот дворец, а не во Топкапиј.

14. Не ги примал странските гласници на начинот на кој што е прикажано во серијата. Тие не се влечеле по подот.

15. Ниеден гласник (освен од турскиот свет или од турските племиња) не смеел да влезе во собата каде што заседавал Диванот, а во серијата е тоа прикажано.

16. На заседавањето на Диванот, кога султанот зборувал никој не смеел да проговори. Во серијата и тоа го има.

17. Во Харемот нема само робинки на султанот, а во серијата е токму таков случајот.

18. Облеката на јаничарите не одговара на облеката од тоа време.

19. Во серијата главниот чувар Хас и некои од везирите шетаат без капи . Тоа е невозможно во реалноста.

20. Девојките кои влегуваат во Харемот прво мора да поминат обуки и школување од 3 години, па дури после се запознавале со султанот. Во серијата султанката Хурем веднаш се запознала со султанот.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Култниот филм со Ричард Гир ќе добие римејк, а познато е кој ќе го замени познатиот актер

Предраг Петровиќ

Обвиненијата за канибализам и силување ја уништија кариерата на познатиот актер

Предраг Петровиќ

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ