1,7 милиони долари за првиот стрип за Супермен

Од:

Првото оргинално издание од стрип-серијата „Акшн Комикс“, во кое првпат се појавуваат Супермен и Лоис Лејн на „иБеј“ достигна цена од 1,7 милиони долари, а до крајот на лицитацијата преостануваат дури уште пет дена, пишува британскиот Телеграф.

Лицитацијата за стрипот „Акшн Комикс Намбр 1“  е отворена на 14 август со почетна цена од милион долари, а до сега се примени 21 понуда со што е подигната цената на 1,75 милиони. Битката за Супермен ќе трае до понеделник, 25 август.

Се работи за ретко издание од 1938 година кое е опишано како „музејски примерок“ благодарание на оценката девет (од десет) која му ја додели компанијата за проценка на квалитет на стриповите „ЦГС“.

Првото издание на стрипот, кој ги даде темелите на жанрот со суперхероите е на добар пат да го достигне претходниот рекорд на оргиналното издание од истиот тој стрип, кое во 2011 година, кога го купи Николас Кејџ за 2,16 милиони долари, стана највредниот стрип на сите времиња.

Примерокот на Кејџ е со нешто полош квалитет за разлика од овој, но и тој исто така имаше добиено деветка. Оваа продажба на „иБеј“ од останатите се разликува по тоа што прима понуди исклучиво од однапред одобрени потенцијални купувачи.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он