(ВИДЕО) Зврлевски: Обвинителството на Јанева е политичко, а нашето е независно

Од:

Јавниот обвинител Марко Зврлевски бил навреден заедно со другите обвинители зошто било формирано специјално обвинителство и најави дека наското пред Уставниот суд ќе било оспорено неговото формирање.

-Не е точно дека не постапуваме по предметите. Недовербата кон Јавното обвинителство на Република Македонија и другите обвинителства е несонована. Доволно говори фактот дека предложените кандидати работеа на тие случаи, од 14 предложени кандидати, седум луѓе на работеа на тие случаи – изјави Зврлевски.

Според него специјалното јавно обвинителство е политичко, додека јавните обвинителства со кои тој управува се независни.

-Ако имате политички договор за некоја личност спротивно на сите правила и носење на закон спротивно на сите правила и барање избор спротивно на сите закони, тогаш сметам дека е тоа политичко обвинителство. Се гордеам што не сме политичко обвинителство – додаде тој.
Јавниот обвинител, смета дека Советот не го прекршил законот за специјално јавно обвинителство, а биле избрани само седум обвинители за тимот на Катица Јанева затоа што обвинителството немало луѓе за работа.

Зврлевски посочи дека во тек е подготовка на иницијативата која наскоро ќе биде поднесена до Уставен суд. Според него актот е неуставен и донесен спротивно на законите на државата. Предвидените плати ги оцени како мегаломански и „нешто што го нема ниту во регионот“.
-Вчера имавме состанок на јавни обвинители, како повод на реакција беа наведените планови за високи плати. Тие се регулирани со закон, меѓутоа надоместоците кои јавните обвини за организиран криминал не ги добиваат, а работат на предмети за терористи, наркокрартели и ИСИС, сепак немаат такви надоместоци. Доколку некој ги добие тие надоместоци, ние ќе побараме од Владата и ние да ги добиеме – најави тој.

Според бројот на предмети кои се водат во Основното јавно обвинителство за прислушуваните разговори, а кои бројат 25, Зврлевски смета дека седум јавни обвинители се доволно да одговорат на задачите на Јанева. За него е голема бројка од седум обвинители.

Тој не сакаше да го коментира финансискиот план предложен од Јанева и рече дека за тоа ќе одлучува Владата и Собранието, додека Советот носи одлуки само за персоналниот план.
Додаде, доколку се појави потреба ќе постои можност дополнително да бидат определени додатни обвинители.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара