Зврлевски ја пречека романската обвинителка Лаура Кодрута Ковеси

Од:

Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски денеска беше домаќин на Лаура Кодрута Ковеси – главна обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија.

Целта на посетата беше запознавање на обвинителите и размена на искуства.

На средбата стана збор за организациска поставеност на обвинителствата при што беа утврдени сличности во истата.

Имено, местоположбата што ја има Националниот директорат за антикорупција во системот на Република Романија соодветствува со организациската поставеност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во нашата земја.

На посетата романската обвинителка беше придружувана од директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка Александар Кржаловски.​

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза