Зошто обвинителството има различен третман во однос на поклонот на Мирчевски и поклонот Ауди Q8 од 130 000 евра на Филипче

Од:

ЈО со денови молчи и не превзема никакви дејствија во однос на изнесените сомнежи за криминал и милионските суми кои завршиле во бугарски фирми на кланот Заеви и Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Молк од СДС и Филипче за Аудито Q8 кое го добил од фирмата Зобек мининг груп која пак добила тендер за набавка на јаглен за ЕСМ.

Молк и од ЈО за поклонот од 130.000 евра за Филипче.

Ниту еден субјект, правно или физичко лице, не дава поклон од 130.000 евра, на лице со кое нема роднинска поврзаност. А кога лице кое нема роднинска поврзаност со друго лице, добива поклон од 130.000 евра, сосема јасно е дека станува збор или за затајување данок, или за перење пари или за тргување со влијание.

Кога имаме случај за поклон од 130.000 евра а се работи за политичар, пратеник и лидер на опозиција, сосема е јасно дека станува збор за нешто скриено

ЈО води постапка за ист ваков случај за Пеце Мирчевски, директор на СОЗР во време на СДС.

Мирчевски се терети дека добил два автомобила од фирма која добивала тендери. Мирчевски е обвинет за несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик.

Зошто ЈО молчи за Филипче, дали затоа што е претседател на СДС па Филипче има повластен третман?

Која е причината што ЈО молчи за идентичен случај и има различен третман во однос на поклонот на Мирчевски и поклонот Ауди на Филипче?

Со што Филипче ги уценува ЈО за да не постапуваат?

ЈО да отвори постапка, во спротивно премногу јасно и очигледно е дека работат во интерес исклучиво на Филипче и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се „талог“ затоа што ја критикуваат власта?

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации