Главната медицинска сестра на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Зорица Љубичиќ, во порака до граѓаните апелира да се почитуваат заштитните мерки против ширењето на коронавирусот.
„Заштитната маска веќе седми месец ми е составен дел од облеката, но и од начинот на секојдневно функционирање. Фокусот секогаш ми е на тоа да го сведувам ризикот од инфекција со ковид-19 на минимум. Им благодарам за помошта на сите колеги кои ни беа и се поддршка во овој период и воедно порачувам на сите граѓани, да не се групираме, да носиме заштитна маска, да држиме дистанца и редовно да ги миеме рацете. Затоа што секој човечки живот е важен,“ вели Љубичиќ во пораката што на социјалните мрежи ја сподели министерот за здравство Венко Филипче.