Зоран Заев – претседател на Владата на Република Македонија

Од:

Новиот премиер и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев во извршната власт доаѓа со искуство од локалната самоуправа со три градоначалнички мандати зад себе, како и функции во партијата.

Како што е наведено во биографијата која беше доставена со предлог-составот за новата влада, Заев дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1997 година, каде бил и на постдипломски студии по монетарна економија и финансии.

Професионалната кариера ја започнува како вработен во „Тргопродукт“ – Струмица во периодот од 1997 до 2003 година, а од 2001 бил и директор на тоа претпријатие. Бил член на управните одбори на штедилницата „Пеон“ (1998 – 2003), и на Индустријата за градежни материјали „Еленица” (2001 – 2003). Од 2000 до 2003 година е претседател на управниот одбор на ЈПКД „Комуналец” – Струмица.

По победата во Струмица на локалните избори во 2013 го почнува третиот последователен мандат како градоначалник на овој град, на која функција е до декември 2016 година.

Добитник е на наградата за најдобри практики од Советот на Европа за првото јавно – приватно партнерство во Република Македонија, имплементирано во изградба на објектот „Глобал”. Општина Струмица под негово водство е добитник на највисоко државно признание во областа на екологијата (2007 – 2008 година).

Од 2003 до 2005 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.

Заев е претседател на СДСМ од 2013 година. На седмиот Конгрес на СДСМ во 2008 година е избран за в.д. претседател на партијата, функција која ја вршеше до деветтиот Конгрес кога беше избран за потпретседател на Централниот одбор на партијата. Бил потпретседател на Централниот одбор на СДСМ и во периодот од 2006 до 2008 година. За време на парламентарните избори во 2006 година е шеф на Регионалниот изборен штаб за 4-та изборна единица. Во два мандата бил и член на претседателството на општинската организација на СДСМ Струмица.

Роден е на 8 октомври 1974 година во Струмица. Оженет е со Зорица Заева со која има две деца, Александра и Душко.

Би можело да ве интересира

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Францускиот премиер поднесе оставка