Зоран Милески – Кичеец се уште не се пријавил во КПУ Затвор „Скопје“

Од:

Зоран Милески – Кичеец се уште не се пријавил во КПУ Затвор „Скопје“, на издржување казна затвор од три години за случајот „Рекет“, информира за МИА директорот на затворот Есад Рахиќ.

Од Основниот кривичен суд во Скопје велат дека Милески во меѓувреме побарал одложување на издржувањето на затворската казна. За барањето треба одлучи судија за извршување санкции.

Според упатиот акт од Основниот кривичен суд во Скопје, Зоран Милески требаше сам да се пријави на издржување на казната до вчера, на 12 октомври 2020 година.

Милески е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година, го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог