Зоран Кичеец и пензионерката Тодоровска на распит во обвинителството

Од:

Пензионерката Лилјана Тодоровска изутринава беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција да даде исказ за случајот „Рекет“.

Таа е потписничка и автор на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Боки 13, а стана актуелна кога се дозна дека подигнала 720 илјади евра врз основа на договорот на Меѓународниот сојуз Скопје и ГП Пелистер.

По апсењето на Боки 13, таа се правдаше дека 720-те илјади евра и биле земени уште во банка од претставнциите на меѓународниот сојуз, но зесега е нејасно каде завршиле со оглед дека од проектот нема ништо.

Во Обвинителството на распит е и Зоран Милески Кичеец, кој заедно со Боки 13 беше уапсен при обид да ја напушти државава, но и е во друштво на Бојан Јовановски кога со еден милион евра заминуваат од домот на Орце Камчев.

Овие снимки кои ги објави италијанскиот новинар, обвинителството ги имаше од претходно, а врз основа на други докази ги уапси двајцата осомничени.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески