Зоолошката градина во Битола со дополнително греење за кафезите на животните

Од:

Јавната општинска установа „Зоолошка Градина“-Битола врши дополнително греење за кафезите, животинскиот свет е згрижен и не се изложува на ниските температури.

Според директорот Ѓоко Дамевски, благодарение на навремено извршените подготовки за работа на ЈОУ „Зоолошка Градина“-Битола во зимски услови и обезбедените резерви храна, не е забележан нити еден проблем кај животинскиот свет.

– Во „Зоолошката Градина“ имаме 254 животни единки од 67 животински видови кои се сместени во 35 објекти. Во овој момент сите животни се здрави, згрижени со обезбедена храна и греење. Посебно топловодно греење е инсталирано за најновиот жител во Градината, нилскиот коњ „Берта“, кој е сместен во целосно автоматизирано живеалиште кое има сонди во водата, сензори во воздухот и дополнително подно греење, а се греат кафезите на мајмуните и на други животни кои се чувствителни на ниски температури, истакна Дамевски.

Од ЈОУ „Зоолошка Градина“-Битола информираат дека во пресрет на студениот и снежен бран обезбедиле 3 тони месо и луцерка, резервна храна за до крајот на идниот месец.

– Единствен проблем е свежата вода, бидејќи таа кај отворените живеалишта брзо мрзне, но затоа пак нашите екипи постојано ја менуваат со цел да нема ни такви проблеми. Паралелно со грижата за животинскиот свет размислуваме и за обезбедување нови животни кои најчесто ги добиваме од нашите потврдени поддржувачи, зоолошките градини во Скопје и Белград. Како што е познато лани од Белград добивме питон, боа, меркати, непалски рисови и лебеди, а од Скопје го добивме атрактивниот нилски коњ „Берта“ и други животни за кои секојдневно професионално се грижиме, потврди Дамевски.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција