ВИДЕО: Зоки Кичеец донесен на распит во Кривичниот суд

Од:

Бизнисменот Зоран Милевски Кичеец, попладнево е уапсен и донесен на распит во Кривичниот суд.

Според шпекулациите во јавноста Кичеец е второосомничен за делото „Примање награда за противзаконско влијание“ од страна на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Милевски денеска е уапсен во еден од скопските ресторани.

Во случајот кој го води јавното обвинителство според она што се говори во јавноста прво осомничен е првиот човек на телевизијата 1ТВ и неформален директор на БМЈ Медиа груп, Бојан Јовановски. Јовановски пред неколку часа е уапсен и задржан на граничниот премин „БогорОдица“ и се очекува негово спроведување во Кривичниот суд.

Јовановски исто така е осомничен за „Примање награда за противправно влијание“ како и за перење пари.

Шефицата на одделот за гонење на организиранан криминал при Основното јавно обвинителство Вилма Рускоска на прес- конференција денеска најави дека за двајцата осомничени обвинителството ќе бара притвор.

Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

ОЈО: Домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ