ЗНМ со осуда на сите вербални напади упатени до новинари

Од:

Здружението на новинарите на Македонија ги осудува сите вербални закани и навреди врз новинари, што во последните денови беа упатени од претставници на политички партии.

ЗНМ смета дека вербалните закани на лидерот на Достоинство, Стојанчо Ангелов, врз уредникот на Нетпрес, Дејан Николовски, претставуваат напад врз новинарите и слободата на медиумите.

– Заканите за физичка пресметка со новинари и нивното омаловажување се неприфатливи. Ако некој е незадоволен од начинот на известување на новинар, треба да поднесат претставка во Советот на честа на ЗНМ или Советот на етика во медиумите кои ќе утврдат евентуални прекршувања на Етичкиот кодекс на новинарите, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Од Здружението советуваат дека доколку граѓаните се сомневаат дека им се загрозени правата од некој медиум, имаат законско право да побараат објавување на демант или исправка. Во краен случај, тие можат да покренат и судска постапка за да ја заштитат нивната чест и углед.

– Ги повикуваме новинарите да го почитуваат Етичкиот кодекс на новинарите и да не дозволат да бидат вовлечени во пресметката на политичките партии. Новинарите со нивното известување треба да придонесуваат за надминување на политичката криза, а не уште повеќе да ги продлабочат поделбите, стои понатаму во реакцијата на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми