ЗНМ побара оставка или разрешување на Пешевски

Од:

Здружението на новинарите на Македонија остро го осуди однесувањето на вицепремиерот Владимир Пешевски кој според дел од медиумите после прес конференција минатата недела навредувал новинарка затоа што го прашала дали владата размислува да ја покачи старосната граница за одење во пензија на 67 години.

„Пешевски иритиран од инсистирањето на новинарката да добие прецизен одговор околу намерата на владата да ја покачи старосната граница за заминување во пензија и се обратил на новинарката со контра прашање: „Дали вие можете да одговорите со да или не ако ве прашам дали твоите дома знаат дека си проститутка“. Пешевски, покажува дека нема основно домашо воспитување и политичка култура, која се граничи со силеџиство и примитивизам. Ваквиот напад не е вперен само кон еден професионален новинар, на кој основна задача е да поставува неријатни прашања за политичарите, туку е напад и врз слободата на медиумите, велат од ЗНМ.

Од здружението велат дека ваквите напади имаат за цел да ги омаловажуваат и заплашуваат новинарите да не бараат отчет од работата на јавните функционери и да ја убијат смислата на улогата на новинарството во демократско општество.

„Непријатно сме разочарани и од однесувањето на колегите кои биле присутни на настанот и не реагирале на навредите на Пешевски. Апелираме во иднина во слични ситуации новинарите заеднички да реагираат и да покажат поголема солидарност. Крајно лицемерно е политичарите да бараат од медиумите да изестуваат професионално за изборната кампања кога во исто време физички напаѓаат и навредуваат новинари без да понесат било каква одговорност.

Бараме вицепремиерот Пешевски кој лани среде бел ден нападна новинар, јавно да се извини на новинарката, но и да поднесе политичка одговорност. Или сам да поднесе оставка или премиерот Емил Димитириев да го разреши. Го потсетуваме Димитриев дека за слични навреди кон новинарка, спрскиот премиер го разреши министерот за одбрана.

Истовремено ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се огради од однесувањето на нивниот министер и член на најтесното партиско раководство и бараме да не го кандидираат за пратеник на следните избори. Во спротивно, ќе сметаме дека партијата оправдува и дозволува насилство и непримерно однесување кон новинарите“, стои во соопшетнието на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје