ЗНМ: Осуда на вербалното насилство на власта против новинарите

Од:

Здружението на новинарите на Македонија го осудува напливот на координирано вербално насилство на власта против новинари, кои се насочени против слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира.

„Ваквите напади имаат за цел да ги заплашат и замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да ја спречи јавноста да се информира за важни случувања во земјата. Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ против Фондацијата отворено општество Македонија, за наводно корумпирање на новинарите, е чиста замена на тези на досегашната власт, која нема храброст да се соочи со сопствената одговорност за масовната злоупотреба за медиумите за политички цели“, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Спорен нив, изјавите на директорот на Архивот на Македонија, Филип Петровски за расчистување со медиумите на Сорос, е еклатантен пример на повикувањена јавен линч против неистомислениците на власта.

„Исто така, потсетувањето на овој контекст на контроверзни личности од историјата, извршители на атентати, претставува акт на повикување на насилство против новинарите. Таквите практики немаат врска со вредностите на слободните и демократски земји, туку се реликти од тоталитарните режими, кои имаат предизвикано големи страдања на човештвото“, велат од ЗНМ.

Тие ги осудија навредите на градоначалникот на Берово против новинарката Даниела Такева и ги оценуваат како недолични под секое ниво на домашно воспитување на еден градоначалник.

„Ги повикуваме претставниците на власта да престанат со навредите и повиците за насилство против новинари и ги потсетуваме дека заради тоа ќе сносат одговорност за евентуалните последици. Ако има примери на непрофесионално однесување ги повикуваме да се бара од медиумите исправка или демант, а во случај да бидат игнорирани да се обратат на професионалните организации одговорни за саморегулација во медиумите“, порачуваат од ЗНМ.

Од Здружението ги повикаа сите новинари да ги проверат нивните информации од различни извори и да не ги користат медиумите за пресметка со неистомислениците.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада