ЗНМ: Обвинителството да покрене постапка против Мирка Велиновска

Од:

Здружението на новинарите на Македонија ги осудува повиците за линч против новинари објавени пред два дена во дневниот весник Дневник. Етикетирањето на новинарите Горан Михајловски, Ацо Кабранов, Борјан Јовановски и Катерина Блажевска како фашисти, криминалци и предавници, од колумнистот Мирка Велиновска, претставува еклатантен пример на говор на омраза и повикување на насилство, реагира ЗНМ.

“Ваквите брутални напади претставуваат смислена стратегија на власта, која преку нејзините мегафони со закани и притисоци се обидува да ги замолчи новинарите. Велиновска преку непримерен речник за комуникација со јавноста го девалвира угледот и достоинството на професијата, а преку бесмислена дискредитација на новинари атакува врз еснафската солидарност и медиумскиот плурализам. Предупредуваме дека доколку надлежните институции го толерираат говорот на омраза, тие стануваат соучесници во евентуално насилство против новинари. Бараме Јавното обвинителство веднаш да покрене постапка против Велиновска, а полицијата да преземе превентивни мерки со цел да се заштитат новинарите од можни напади. Исто така, бараме Агенцијата за аудио иаудиовизулени медиумски услуги јавно да го осуди весникот Дневник поради објавување коментари во кои се повикува на насилство.

Ги повикуваме новинарите да не дозволат да бидат злоупотребени од политиката и да не ги користат медиумите за јавна пресметка со колегите и неистомислениците“, вели ЗНМ. 

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада