ЗНМ: Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинарите

Од:

Неколку дена по последниот испад кон новинар од страна на државен функционер, повторно се соочуваме со случај каде на прашање од новинарот Сенат Зулбеари упатено до министерот за здравство Беким Сали, тој наместо одговор, од министерот добива „куса лекција“ за новинарство, велат од ЗНМ.

„Утрово во просториите на клиничката болница во Тетово, за време на прес конференција на која биле поканети новинари и сниматели, министерот за здравство Беким Сали како и директорот на клиничката болница во Тетово Амир Елези имаа непримерна комуникација и омаловажувачки однос кон дел од присутните новинари.

Во врска со прашање на новинарите поврзано со напади кон нив од страна на обезбедувањето на болницата, Сали наместо соодветен одговор кажа: „ Да бидеме реални, новинарството е со цел да се информира јавноста, има правила, етички е службено да се доставуваат прашања до надлежните во болницата или до министерот. Во моментот кога ќе влезете без предупредување и ќе направите снимки, третирате тема, сакате да направите истражување како што се правеше во Министерството за здравство, мислам дека тука наидувате на недоразбирања, а потоа има обвинувања и нема транспарентност. Транспарентноста треба да ја барате на вистински начин и ќе ја најдете.
Го снимаш лифтот, во делот на лифтот бараш и информација, нема информација поради неговиот пристап. Сфатете го како позитивна критика“, соопштува ЗНМ.

„Изминативе денови ЗНМ гласно алармираше за овој негативен тренд на непрофесионален однос кон новинари од страна на државни функционери што бележи пораст за кој што веќе ги известивме партнерските меѓународни организации.

Очекуваме извинување од министерот Сали кон новинарите и укажуваме дека државните функционери, се во служба на јавноста и тие не смеат да имаат непримерен и навредлив однос кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност на која треба да и бидат пренесени информациите.

Ова е петтиот негативен испад на политичар кон новинарите и медиумските работници во период од два месеци што говори дека ова веќе не се изолирани инциденти туку станува негативен тренд на некоректен и омаловажувачки одност од страна на претставници на власта кон новинари.

Ваквиот тренд без сомнеж ќе има негативна оценка во извештаите на Европската комисија како и на останати кредибилни организации што ќе се одрази негативно и на индексите за слобода на изразување во кои Македонија бележеше пораст во изминатите години“, велат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада